Актуелно 06.10.2019 10:38

Комисија за финансии на ВМРО ДПМНЕ: Никој, па дури ни заметените од СДСМ не веруваат во економските политики на Кочо Анѓушев

Комисија за финансии на  ВМРО ДПМНЕ: Никој, па дури ни заметените од СДСМ не веруваат во економските политики на Кочо Анѓушев

Никој, па дури ни заметените од СДСМ не веруваат во економските политики на Кочо Анѓушев

Без основни познавања за основните пазарни принципи, немањето знаење и капацитет за стимулирање на пазарот на капитал, старо – новите високи советници на Заев, се со спротивставени тези и теории за спас од економскиот колапс, во кој ја водат Република Македонија.

Она што е сигурно е дека ниту едните (заметените) од СДС, ниту другите (актуелните) од СДС, не се свесни за економските штети што ги трпат граѓаните на Република Македонија, благодарение на покачувањето на даноците и прогресивниот данок што што го воведоа. За СДС се битни само нивните лични бизниси.

Така, Кочо Анѓушев сака да си ги спаси големите зделки на пазарот на капитал од одданочување, а другиот Бранимир Јовановиќ тврдоглаво бара начин како да го уништи македонското стопанство, по пат на собирање повеќе данок од граѓаните, или народно кажано по пат на “пљачкање” на граѓаните.

Ниту повеќе пари кај граѓаните ќе има, ниту квалитетно образование ќе се постигне, ниту реален раст на платите ќе постои, ниту нови инвестиции и работни места ќе се отворат, ниту пак лекари ќе има во Македонија.

Со СДС има само празни зборови и гола и бесмислена економска политика, со цел што повеќе млади да се иселат од Македонија. Ете тоа е планот за живот на Заев – за младите надвор од Македонија.

Image may contain: text and outdoor