Актуелно 23.01.2020 12:55

Комисија за финансии на ВМРО ДПМНЕ: Платите во Република Македонија растат со најниска стапка во регионот

Комисија за финансии на ВМРО ДПМНЕ: Платите во Република Македонија растат со најниска стапка во регионот

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, нето платите во Република Македонија за периодот јануари – ноември 2019 година забележаа раст од скромни 3,8%. Доколку направиме споредба со земјите во регионот, ќе забележиме дека стапката на раст во нашата земја е најниска во регионот. Како што е презентирано на графиконот, стапката на раст на платите во Србија за периодот јануари-ноември 2019 година изнесува цели 10%, а во Бугарија и повеќе од 10%. Платите растат со најсилно темпо во Романија.

Владата на СДСМ, континуирано се фали со растот на платите во Република Македонија. Шири лажни вести. Но платата во РМ расте со пониска стапка и од Словенија, каде просечните нето плати се три пати повисоки.

Легитимно е прашањето дали со проектите за субвенционирање на минималната плата (кој доживеа неуспех), како и со проектот за финансирање на порастот на платите (без никаква анализа на продуктивноста и одржливоста) каде отидоа сите овие пари ?
Капитални инвестиции нема, платите растат со најниско темпо, извозот во последниот квартал од 2019 година се намалува……

Владата на СДСМ навистина е едно големо разочарување