Актуелно 06.12.2019 15:19

Комисија за финансии на ВМРО ДПМНЕ: Растот на БДП повторно скромен и покрај вештачкото зголемување на платите

Комисија за финансии на ВМРО ДПМНЕ: Растот на БДП повторно скромен и покрај вештачкото зголемување на платите

Државниот завод за статистика, ги објави податоците за Бруто домашниот производ во третиот квартал од 2019 година. Според податоците, растот на БДП изнесува скромни 3.6% и во најголем дел се должат на растот на трговијата и личната потрошувачка.

Податоците покажуваат пад на преработувачката индустрија од 0,5%, додека останатите сектори забележуваат скромен раст.

ИТ секторот за првите три квартали од 2019 година забележува пад од 3,2%. Сето ова претставува резултат на политиката на прогресивен данок што доведе до иселување на младите кои во најголем дел работат во ИТ секторот.