Актуелно 05.09.2019 11:30

Комисија за финансии на ВМРО ДПМНЕ:Субвенционирањето на пораст на плати нема економска логика и е популистичка мерка

Комисија за финансии на ВМРО ДПМНЕ:Субвенционирањето на пораст на плати нема економска логика и е популистичка мерка

Комисијата за финансии на ВМРО ДПМНЕ вели дека субвенционирањето на придонеси за поддршка на пораст на плати  е уште еден не пазарен и контраверзен проект што бинзис заедницата ќе го отфрли.

 

#Субвенционирање на #придонеси за поддршка на пораст на плати – уште еден не пазарен и контроверзен проект на Владата на Заев кој #бизнис_заедницата ќе го отфрли.
Одбивноста на бизнис заедницата кон квази проектите на Владата на Зоран Заев станува се поизразена. Воведувањето на прогресивниот данок навистина предизвика лавина негативни реакции. Едноставно, бизнис заедницата не е заинтересирана за проекти кои не значат подобрување на бизнис климата во Република Македонија.
Да почнеме од проектот за субвенционирање на минималната плата. Во ребалансот на буџетот средствата за овој проект се намалуваат од 4 милиони евра на само 40 000 евра, односно за 90% намалување. Јасен сигнал дека бизнис заедницата не ги користи овие пари и одбива да учествува во овој проект.
Проектот МОЈ ДДВ кој иако уште е во почетна фаза, веќе дава поразителни резултати. Проектот го користат само 150 000 граѓани (една десеттина од возрасните граѓани на Република Македонија), а средствата кои ќе бидат вратени се далеку пониски од очекувањата на Владата.
Деновиве, Зоран Заев промовира нов проект за субвенционирање на придонеси за поддршка на пораст на плати. Човекот на кого му е нормално газдите на фирмите да ги почестат вработените со пари во плик, промовира проект со многу нелогичности кој повторно ќе биде отфрлен од страна на бизнис заедницата.
Многу контроверзии го следат овој проект уште од самиот почеток:
➡️ Најпрво, ваква пракса нема никаде во светот. Оваа мерка нема економска туку единствено политичка цел односно притисок врз приватниот сектор за зголемување на платите во услови кога продуктивноста на македонската економија опаѓа. Оваа мерка не е својствена за пазарна економија која со години ја градиме и развиваме. Единствена намера е купување гласови пред претстојните парламентарни избори.
➡️ Aдминистрирањето на овој проект е навистина комплицирано. Пресметува Управа за јавни приходи, исплатува Министерство за труд и социјална политика, а контролира Министерство за финансии.
➡️ Дополнително, ќе се финансираат и високи плати, како на пример во финансискиот сектор, каде просечната плата е двојно поголема од истата на ниво на Република Македонија.
➡️ Истовремено, бенефит ќе можат да остварат и високо профитабилни фирми каде платите се веќе високи.
➡️ Владата не предвидела услов за не намалување на платата по истекот на периодот на субвенционирање, што значи дека фирмата ќе може слободно да ја намали платата веднаш штом запрат субвенциите. Не логично и контроверзно, односно очигледно проект кој треба да даде резултат пред избори.
➡️ Владата со Ребалансот на буџетот за 2019 година буџетирала 400 милиони денари или 8 милиони евра. Се разбира добро е што и овие пари нема да бидат искористени, односно бизнис заедницата нема да учествува во овој проект.
Проектот Субвенционирање на придонеси за поддршка на пораст на плати ќе биде едно големо фиаско и голем пораз на Влада на Зоран Заев. Бизнис заедницата ќе го отфрли, затоа што нема никаква економска логика, не е пазарен туку единствено популистички проект.