Актуелно 23.08.2019 21:18

Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Најавените кадровски промени во владиниот состав во делот на економските ресори само потврдуваат дека не чека тешка година

Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Најавените кадровски промени во владиниот состав во делот на економските ресори само потврдуваат дека не чека тешка година

Најавените кадровски промени во владиниот состав во делот на економските ресори само потврдуваат дека не чека тешка економска година, велат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, Нина Ангеловска предложена за нов министер за финансии во својот образовен и професионален бекграунд нема допирна точка со макроекономија и јавни финансии. Овој избор е целосно несериозен и може да има катастрофални последици во водењето на фискалната политика во наредниот период. Сепак, не треба да не изненади ваквиот чекор на Заев имајќи ја предвид неговата намера да има целосна контрола на најважното министерство. Кирил Колемишевски предложен за заменик министер за економија е активист на СДСМ чија професионална ориентација е адвокатура што е далеку од компетенциите кои треба да се поседуваат за таа позиција. Тоа потврдува дека оваа позиција за него ќе биде награда за партиски заслуги, а воедно ќе значи пополнување на една позиција која треба да биде бледа сенка на Министерот Бектеши, како што тоа беше случај и досега. Тоа само потврдува колку им е важна економијата на Заев и неговата Влада, потенцираат од Комисијата и додаваат:

„Кире Наумов како најлош заменик министер за економија доби партиска награда во Македонска Банка за Поддршка на Развојот. Само да потсетиме дека оваа институција беше формирана од претходната Влада со цел да биде клучен поддржувач на приватниот сектор во неговиот развој, за да денес целосно маргинализирана оваа институција служи само за партиски позиционирање (директори, заменици, членови на надзорен одбор, членови на управен одбор)“.