Живот 20.09.2018 18:56

Кому најбогатиот човек на светот му подари 2 милијарди долари?

Кому најбогатиот човек на светот му подари 2 милијарди долари?

Џеф Безос, сопстевеникот на Амазон моментално е најбогатиот човек на планетата и тој за само една година, успеал да го зголеми двојно своето богатство и сега тоа се проценува на 160 милијарди долари. На својот Твитер профил објавил дека со неговата сопруга Мекензи ќе искористат 2 милијарди од нивното богатство на Bezos Day One фондот.

Фондот ќе има две цели така што ќе финансира непрофитни организации кои им помагаат на сиромашните и ќе креира мрежа од непрофитни организации коишто ќе помага на луѓето со мали примања. Целта му е да го направи светот поубаво место за живеење.

Досега Безос не бил некој огромен филантроп, ако се земе в предвид фактот дека има огромно богатсво.