Социјалните мрежи живеат од рекламирање, односно од прикажување персонализирани реклами на своите корисници и секогаш се трудат да најдат баланс помеѓу прикажувањето реклами што ќе им донесе приход и ненаметливоста, за да не го расипат корисничкото искуство. Инстаграм беше доста добар во врска со тоа досега, и тешко е да се разликуа спонзорираната содржина од редовните објави на оваа мрежа, но се чини дека тоа може да се промени, а корисниците веќе се прилично налутени.
Имено, последниве денови на интернет почнаа да се појавуваат информации за новата опција за прикажување реклами на Инстаграм, а некои корисници споделуваа слики од екранот на оваа опција на социјалните мрежи. Додека сурфаат на платформата на Мета, на корисниците им се прикажува реклама од 3 до 5 секунди што не може да се прескокне. За време на прегледувањето на рекламата, на корисниците им се прикажува времето потрбно за завршување на рекламата и, барем на почетокот, рекламите не се долги. Значи, тоа е слична форма на реклама како што ја имаме денес на бесплатната верзија на YouTube. Додека корисниците на YT веќе се навикнати на такви реклами и се откажаа да мораат да ги гледаат повремено, нивното прикажување на Инстаграм беше непријатно изненадување.
Откако оваа информација се прошири низ мрежата, новинарите на Tech Crunch го контактираа тимот од Инстаграм, кој им го потврди тестирањето на опцијата што ја нарекоа „рекламна пауза“. Компанијата на Цукерберг нагласи дека тие „секогаш тестираат формати кои би можеле да ја зголемат вредноста за огласувачите“ и врз основа на резултатите од овие тестови, тие ќе одлучат дали да ги воведат овие опции за сите корисници. Доколку тоа се случи, коментираат од Инстаграм, ќе ги информираат корисниците за тоа.
Реакциите на корисниците кои се навикнати на брзо лизгање, односно брзо менување на приказот на фотографиите и видеата на оваа мрежа, не се позитивни. Навистина. Многумина сметаат дека ова е уште еден начин за искористување на огласувачите и зголемување на приходите на сметка н корисничкото искуство. Некои од корисниците се прилично револтирани и бесни од оваа промена. Додека некои на Reddit и на X платформата се закануваат дека ќе го затворат Инстаграм штом се појават такви реклами, други имаат прилично порадикални намери и најавија дека целосно ќе ја напуштат оваа социјална мрежа и ќе се свртат кон конкуренцијата. Секако, останува да видиме дали навистина ќе го направат тој потег или се работи за само празни закани од незадоволни корисници.
Инстаграм не коментираше каде се појавуваат овие реклами – според сликите од екранот бјавени на форумите, се чини дека тие се појавуваат внатре во фидот додека гледате видеа. Исто така, не е познато дали рекламите се тестираат глобално или само на одредени пазари.
Со текот на времето, ќе дознаеме дали Инстаграм навистина ќе одлучи да ја имплементира оваа опција за сите, но дали Мета можеби ќе се обиде да ја вметне својата нова форма на рекламирање и во Facebook.