Актуелно 12.05.2020 14:17

Коронавирус во Македонија: Само 189 тестови – 10 новозаразени, починато едно лице

Коронавирус во Македонија: Само 189 тестови – 10 новозаразени, починато едно лице

Десет нови случаи на коронавирус се регистрирани во Македонија на извршени 189 тестирања во изминатите 24 часа.

Министерот за здравство Вено Филипче на денешната прес-конференција ги соопшти најновите дневни информации за состојбата со Ковид-19 во земјата.

Новите случаи се регистрани во Скопје (6), Куманово-2 и во Прилеп и Велес по еден случај. Оздравени се пет пациенти од Скопје и Неготино, а почина уште едно лице.

Во земја вкупниот број за заболени од коронавирус се 1.674 лица од кои 1205 се оздравени. Смртни случаи има 92, а активни случаи на Ковид-19 во земјава се 377.

Во изминатите 24 часа на Инфективната клиника се примени тројца нови пациенти, а на ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 13 нови пациенти.