Актуелно 27.05.2020 21:50

Коронавирусот излегува од контрола, Заев форсира брзи избори

Коронавирусот излегува од контрола, Заев форсира брзи избори

Ситуацијата во земјава со коронавирусот излегува од конторла, а Зоран Заев по секоја цена сака да оди на избори, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Денес во Македонија има нови 25 заболени и тројца мртви и тие ќе одат на совеста на Зоран Заев. Апсурд е кога во земјава се уште имаме на дневна основа голем број заболени и починати од коронавирус да се планираат избори, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив брзи избори на Македонија не и се потребни, бидејќи како што велат тоа може да донесе до зголемување на заболените од коронавирусот.

-Додека Македонија ги брои новозаразените и починатите, наши сограѓани со име и презиме со семејства и пријатели, за СДСМ и натаму најважна е политиката, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и натаму притиска за избори на кои наместо гласови и гласачи ќе ги броиме починатите и заразените од новиот коронавирус. Брзите избори не се решение во држава во која има највисока стапка на смртност од опасниот вирус во регионот, во која има најголем пораст на новозаразени и во која се уште хара епидемија. Заев и СДСМ единствено ги интересира власта и фотелјите, здравјето на граѓаните е на последно место. Доказ дека здравјето на граѓаните им е најмалку важно е на  здравствен план кое им го приредија на граѓаните.

За негрижата за здравјето на граѓаните и неспособноста на власта следува казната од граѓаните зад гласачкиот параван“ – порачуваат од партијата.