Актуелно 02.07.2020 17:04

Коронавирусот покосува низ Македонија: 173 новозаразени и 15 починати лица, здравството на Филипче е на колена!

Коронавирусот покосува низ Македонија: 173 новозаразени и 15 починати лица, здравството на Филипче е на колена!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-3, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Неготино-2.

Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 лица, на возраст 64,73 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 3208, активни 2010, Куманово 769, активни 219, Дебар 102, активни 50, Штип 355, активни 161, Прилеп 269, активни 43, Тетово 723, активни 389, Струга 242, активни 145,  Велес 189, активни 42, Битола 54, активни 20, Охрид 180, активни 151, Кавадарци 21, активни 15.

Гостивар 129, активни 70, Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци), Струмица 16, активни 10, Крива Паланка 15, активни 9, Радовиш 4, активни 0, Крушево 7, активни 4.

Кочани 73, активни 21, Пробиштип 20, активни 11, Демир Хисар 2, активни 1, Македонски Брод 5, активни 3, Пехчево 6, активни 3, Берово 3, активни 1, Валандово 7, активни 3, Виница 3, активни 0
Делчево 1, активни 0, Кратово 4, активни 1.

Свети Николе 36, активни 32, Кичево 38, активни 32, Ресен 111, активни 97, Неготино 21, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 1653 теста се преку: ИЈЗ –1001, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –101, Биотек –105, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -138, Судска медицина-6, Систина со PCR метода -161, ЦЈЗ Битола-29, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 422, Аеродром – 154, Бутел – 162, Гази Баба – 177, Центар – 141, Карпош – 160, Сарај – 155, Кисела Вода – 114, Ѓорче Петров – 110, Студеничани – 110, Шуто Оризари – 88, Арачиново – 51, Илинден – 32, Петровец – 17, Чучер Сандево – 20, Сопиште – 13, Зелениково-4, Странец – 2.