Актуелно 25.03.2020 20:22

Коронавирусот со силен замав во Македонија: Три лица починаа, вкупно 177 заразени, а 1000 тестирани

Коронавирусот со силен замав во Македонија: Три лица починаа, вкупно 177 заразени, а 1000 тестирани

Коронавирусот ја зема третата жртва во Република Македонија. Денес почина пациентката од Дебар, за која извесен период се информираше дека е во критична состојба.

Хоспитализирана беше заедно со нејзиниот, откако на 6-ти март нивните тестови за коронавирус беа позитини. На 27-ми февруари во нашата земја пристигнале од Бреша, Северна Италија.

-Таа почина пред неколку часа, на 66-годишна возраст, имала хронична болест хипертензија, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција.

Во изминатите 24 часа, соопшти Филипче, регистрирани се 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус денеска до 12: 00 часот изнесува 177 лица.

Филипче посочи дека вкупната бројка на тестирани за коронавирус изнесува 1000 лица.