Актуелно 31.07.2018 15:41

Косово ја повлече одлуката за зголемените царини

Косово ја повлече одлуката за зголемените царини

Косовската Влада ја укина во целост одлуката за зголемените царини, соопшти денеска министерот за економија Кресник Бектеши.

Како што информира Бектеши на прес-конференција, ова е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји. Одлуката  треба да се спроведе од утре откако претходно косовските власти ќе испратат официјално писмо до нивните царински служби.

– Пред неколку минути бев информиран дека Косово ја повлече одлуката во целост, а претходно на владината седница на косовската Влада, биле земени предвид аргументите што беа изнесени од македонската страна на  петочната средба во Приштина, истакна Бектеши.

Одговарајќи на новинарски прашања, Бектеши рече дека за предизвиканите штети од косовската одлука проценка ќе направи Министерството за земјоделство, по што Владата ќе преземе соодветни мерки за да им помогне на трговците  производителите што претпреа загуби.

Косово ја воведе одлуката на 18 јули годинава и со неа царините за вкупно 21 земјоделски производ беа зголемени за 30 отсто. По неколку дена одлуката беше делумно повлечена, односно за некои производи, но за седум се уште важеше, а на нив отпаѓаше најголемиот дел од македонскиот извоз на Косово.