Актуелно 01.07.2020 14:45

Костов: Проектите на ОБНОВАТА против бледилото и хаосот на “МОЖЕМЕ“

Костов: Проектите на ОБНОВАТА против бледилото и хаосот на “МОЖЕМЕ“

Да драги мои, имаме изборна трка, сведена на двајца натпреварувачи: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија“, со “Исправи се Македонијо! – Одбери обнова“, против СДСМ и коалицијата “Можеме“, со истоимениот проект. Изминаа седум дена од кампањата и веќе можеме да ги сумираме првите впечатоци, вели колумнистот и политички аналитичар Сотир Костов во својот став за Курир.

„ВМРО-ДПМНЕ понуди “Проект обнова и се обврзуваме“ на 337 страни. Тоа е целосен проект кој има стратегиски определби, за чие остварување се понудени безброј реформи, политики, мерки и проекти. За мене тоа е нешто повеќе од проект: тоа е добро осмислен концепт, заснован на четири столба: Првиот, ефикасна држава и силни институции; Вториот, конкурентен приватен сектор; третиот, интегрирана, стабилна и безбедна земја; и Четвртиот, Подобри услови за живот на сите.

СДСМ, сега за сега понуди слоган “Можеме“, со додавки “Уште повеќе. Уште подобро“. Програма изборна не видов. Има некои флаерчиња на кои се пропагира: “Грижа за сите“, “Нова македонска економија“, “Ред, дисциплина и правда“, “Сите за еко држава“ и толку. Многу малку. Навистина многу малку. Разочарувачки. Очајно. И депримирачки. А такви, плус бледи и невпечатливи се и настапите на Зоран Заев и носителите на листи од СДСМ и коалицијата. Тоа е добро, ама не чини што од тоа ама ништо не видовме, не почувствувавме во изминативе три години. И сега, јуриш со нереални изборни ветувања. И тоа сме го виделе. Ама срамното и бедно однесување на напред наведените челници од СДСМ, во кампањата достигна неславен врв. Заев срамно, безобзирно и злонамерно го напаѓа Игор Дурловски, за кого вели дека влегол во Собранието, него и неговите да ги убива. А замислете “Кацарски судството“ го ослободи од сите обвиненија. Љупчо Николовски бега од дуел со Игор Јанушев, бидејќи се исплаши од неговите проекти, стратегија и концепт за Македонија. За таквото однесување на Николовски има само еден збор – кукавица. Исплашен човек. Политичар кој бега од јавен дуел со противникот. Пред него од дуел со Владо Мисајловски – Кендо, побегна и Оливер Спасовски и ја прати Лукаревска. Сиромашката не знаеше кои се проектите со кои СДСМ се фали, не ги знаеше кои се автопатите и патиштата изградени од нив – ништо не знаеше, и противникот ја замолчи и ја патосираше. УЧК  девојката – Шеќеринска, го напаѓа Дурловски, нешто за Хунзите, а сиромашката не знае и не е умна да ги прочита неговите пораки, што ги носи на градите: едната – Кандило, другата – Божилак. Игор е зафатен со кампањата, и еве во рок од 24 часа, јас, мојата маленкост, се ќе ви објаснам, во следното мое јавување.

Ама вреди нешто повеќе да се каже и треба нешто поконкретно да се напише за тие што обновуваат, менуваат, прават промени и притоа се водат од принципи. Луѓето што ја промовираат Обновата пред се имаат принципиелни ставови. Се раководат со вистински вредности. Употребуваат знаење, умеење, способности и искуство. Тоа се Христијан Мицковски, Игор Јанушев – Јануш, Александар Николовски, Сашко Кедев, Трајко Славевски, Владо Мисајловски – Кендо. Поседуваат енергија, позитивни се и непоправливи оптимисти. Упорни, решителни и одлучни борци за правда, праведност. Тоа се Гордана Силјановска –Дафкова, Тимчо Муцунски, Благица Ласовска, Ана Лашкоска, Фуркан Чако, Иванка Василевска.

Водени од идеалите на предците. Тоа се Рашела Мизрахи, Игор Дурловски, Жаклина Пешевска, Дафина Стојановска. Со визија во борба за вистината и подобро утре. Ги кршат илузиите за лажната нестварна реалност. Се залагаат за обнова на системот. Имаат срце, храброст и мотивација за Борба за Македонија. Тоа е младата нова гарда на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски,  Иван Јорданов, Зоран Јованчев, Игор Здравковски, Миле Лефков и многу други. Сите до еден водат достоинствена Борба за вистината. Водат достоинствена борба за Македонија.

Да поентирам: политики, проекти, мерки и обнова, против хаос, безаконие, блеф и блам“, пишува Сотир Костов во својот став за Курир.