Актуелно 12.12.2019 10:29

Костовски за буџетот на Заев: Врв на хипокризија е буџет од 4 милијарди и нето задолжување од 300 милиони евра

Костовски за буџетот на Заев: Врв на хипокризија е буџет од 4 милијарди и нето задолжување од 300 милиони евра

Трифун Костовски во интервју за Фактор.мк  вели дека актуелната Влада освен промената на името ништо друго нема испорачано.

Според него особено на полето на економијата, состојбата е големо разочарување.

-Со слабата реализација на капиталните инвестиции, односно изградбата на инфраструктурата, а и во сите други сегменти оваа Влада – падна. И згора на сето тоа, новата креација на буџетот, кој ќе тежи речиси четири милијарди евра, и со нови 300 милиони евра нето-задолжување, навистина е врв на една хипокризија, која што владее во целото наше општество. Не знам што со овие пари ќе испорача Владата, истакна Костовски во интервјуто за Фактор.