Актуелно 17.11.2023 10:36

Ковачевски и Вучиќ распеани во српски ресторан по отворањето на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“

Ковачевски и Вучиќ распеани во српски ресторан по отворањето на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ учествуваше на отворањето на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ каде даде поддршка на македонските компании кои се претставуваат со свои штандови на настанот.

Го поздрави интересот за присуство на саемот и оцени дека постигнатите успеси во квалитетот на македонското вино познато во светот, македонската храна и туристичката понуда се амбасадорска промоција на Република Северна Македонија во регионот, Европа и светот.

Видно расположен, во малку „подгреана“ атмосфера, додека еден од домаќините се обидуваше на српскиот претседател да му понуди одреден бренд, Ковачевски се пошегува пред медиумите и праша дали виното се служи само на домаќините или даваат и на гостите.

По обиколката на штандовите триото вечерта ја продолжи во српски ресторан, а поттикнати од атмосферата сите заедно ја отпеаа познатата „Дајте вино“. Иако текстот на песната не му беше јака страна сепак се послужи со телефонот и гласно запеа.

Видео снимките објавени за социјалните медиуми ги објавија српските медиуми, а ние ви пренесуваме дел од атмосферата.