Актуелно 07.04.2020 11:28

Ковачки: Тешки се условите во кои се наоѓаме, а се плашам дека месеците кои доаѓаат ќе бидат најтешките со кои се соочила оваа генерација

Ковачки: Тешки се условите во кои се наоѓаме, а се плашам дека месеците кои доаѓаат ќе бидат најтешките со кои се соочила оваа генерација

Тешки се условите во кои се наоѓаме, а се плашам дека месеците кои доаѓаат ќе бидат најтешките со кои се соочила оваа генерација. Чесно е на народот да му се каже вистината во очи, а не вистината да се сервира завиткана во обланда или во стручна терминологија која не сме должни сите да ја познаваме.

Светската економија и официјално влезе во рецесија и од неа нема да излезе се’ додека најпрвин најмоќните држави не го победат вирусот.

Не треба човек да е експерт за да знае дека економски посилните полесно ќе се соочат со последиците од оние што се економски послаби. Многу веројатно е дека ќе претрпиме сериозни штети за кои уште од “вчера” требаше да се подготвуваме. Власта во најмала рака треба да ги разгледа решенијата што ги нуди опозицијата на тој план, а не ад хок да ги отфрли.

Оти затоа сме сите тука, за Македонија, нели???

И сега, наместо да се посветиме на решенија на проблемите, ние одлучивме некому да се додворуваме преку печатење нови пари за да го смениме името на државата на нив. Епа како ќе им објасниме на Кумановчани, а многу брзо и на Скопјани дека сменетото име на новите пари ќе им помогне во борбата со вирусот и во санирањето на последиците?

Свесен сум дека тоа што некој го наумил тоа и ќе го направи, оти му се може, но истиот тој/таа не смеат да ги заборават приоритетите на нацијата.

Фејсбук статус на Драган Ковачки