Мозаик 22.12.2018 12:22

Краткодневница: Магична ноќ, посакајте си желби

Краткодневница: Магична ноќ, посакајте си желби

На најкраткиот ден во годината пости еден ритуал кој крајот на годината ќе ви го направи уште поубав и посладок! Зимската краткодневница покрај снегот со себе носи и големи животни промени~ Народното верување вели дека баш периодот меѓу 21 и 22 декември, денот кога сонцето повторно се раѓа, е идеално време за промени и желби. Според верувањето, баш секоја желба замислена на зимската крткодневница ќе биде исполнета!

Бидејќи е ова денот кога сонцето повторно се раѓа, и  ова е идеален момент за раѓање на нови, свежи идеи кои ќе ги остварите во наредната година. Затоа, денес на хартија, прибележете се што се минале во оваа година, секое добро и лошо искуство, потоа запалете ја хартијата и со тоа симболично ослободете се од старите и лоши искуства. На друга хартија напишете ги желбите за Новата година, и потоа тоа ливче закачете го на елката.

Минете ја вечерта мирно, во размислување што ве чека, и се што посакувате. Не се грижете! Само чекајте остварување на желбите.

 

Најнови вести