Економија 27.07.2018 11:51

Криптовалутите може да го срушат интернетот

Криптовалутите може да го срушат интернетот

Растот на криптовалутите, како што е биткоинот, би можел да го преоптерети и на крајот да го сруши интернетот, предупреди Банката за меѓународни порамнувања во Базел.

Во неодамнешниот извештај, банката предупредува дека на криптовалутите не може да им се верува паралелно со традиционалните валути, според француската новинска агенција АФП.

За разлика од валутите издадени од централните банки, криптулите се добиваат со “рударство” или “со решавање на сложени математички алгоритми“, но подоцна тие се тргуваат на интернет. Спротивно на конвенционалните валути, криптовалутите имаат ограничена способност за тргување. Во моментов во циркулацијата има 17 милиони биткоини, а горната граница е 21 милион.

Во теоретското сценарио, ако целата популација на планетата почнат да тргуваат со криптовалути, би требало да има многу висок капацитет за складирање и трансакции, што би можело да го преоптерети интернет. Само суперкомпјутери можат да спроведуваат вакви обемни процедури.

Во минатото, Банката за меѓународни порамнувања постојано предупредуваше за можни измами поврзани со сајбер криминал, а сега потврди дека трговијата се заснова на многу кревка доверба.