Живот 11.09.2024 08:50

Криптовалутите за прв пат важна изборна тема на изборите во САД

Криптовалутите за прв пат важна изборна тема на изборите во САД

Криптовалутите, како што е биткоинот, веројатно ќе играат улога на претстојните претседателски избори во Соединетите држави, бидејќи се поголем број американски крипто-инвеститори се загрижени за пристапот на кандидатите за регулирање на индустријата.

Огромното мнозинство на сопственици на криптовалути во САД планираат да го рзледаат ставот на американските претседателски кандидати за крипторегулација на претстојните избори во ноември, според новиот извештај на крипто берзата Gemini, основана од близнаците Винклвос.

Објавен на 10 септември, најновиот извештај на Gemini „Global State of Crypto“ опфати анкета на 6.000 возрасни лица кои претставуваат случаен примерок од потрошувачката популација во САД, Обединетото Кралство, Франција, Сингапур и Турција. Анкетата беше спроведена онлајн од 23 мај до 28 јуни 2024 година.

Според наодите на Gemini, дури 73% од испитаниците во САД кои моментално поседуваат криптовалути рекле дека позицијата на кандидатот за криптовалутите ќе има „некое влијание“ врз нивниот глас. Дополнително, уште 37% од испитаниците посочиле дека ставот на претседателскиот кандидат за криптовалутите ќе има „значително влијание“ врз нивниот глас.

Според Gemini, резултатите од истражувањето ја одразуваат зголемената улога на криптото во тековните претседателски кампањи во САД: „За прв пат во историјата на Соединетите Држави, криптовалутите станаа значајно прашање за кампањата на претседателските избори.

Меѓу другите согледувња од итражувањето, Gemini откри дека испитаниците се повеќе се загрижени за регулаторната несигурност како бариера за инвестициите во криптовалути во споредба со 2022 година.

Во 2024 година, дури 38% од испитаниците во САД ги наведоа регулаторните прашања како бариера за влез во криптовалутите, што е значително зголемување од 28% кои го наведоа истото пред две години.