Актуелно 17.05.2019 15:00

Критики од ЕУ за економијата

Критики од ЕУ за економијата

Низа забелешки од Европската Унија на конто на македонската економија. Од Делегацијата на ЕУ во земјава алармираат дека долгот годинава бил висок, дури 43 отсто, а заедно со оној на компаниите надминувал 50 проценти од БДП. Проблеми биле детектирани и кај дел од домашните компании кои не плаќале даноци што, според нив, дополнително оди на штета на државниот буџет. Она што загрижува, велат е високиот степен на невработеност кај младит, пишува Алфа.

Земјата треба да троши онолку колку што заработува, апелираат од Унијата. Бараат поврзување на пензиите со инфлацијата и итно одобрување на мерките за собирање на даноци. Во однос на катастрофалната реализација на инфраструктурните активности, од делегацијата велат дека тоа било штетно и за државата и за економијата.

Проблемот со невработеноста кај младите и масовното иселување од земјава, треба да се реши со квалитетни образовни програми, кои ќе ги подготват младите луѓе за пазарот на трудот. Од Унијата велат дека образованието е несоодветно на барањата на бизнис секторот. Апелираат до институциите, на младите над 25 години, по завршување на формалното образование, државата да им нуди квалитетни работни места или соодветно занаетчиско надоградување. Инаку, извештајот за напредокот на земјава, во кој ќе бидат евидентирани и економските реформи, Унијата ќе го објави кон крајот на месецов.