Економија 13.02.2024 08:44

Криза во технолошките компании од каде од почетокот на годината отпуштени се 34.000 луѓе

Криза во технолошките компании од каде од почетокот на годината отпуштени се 34.000 луѓе

Технолошките компании отпуштиле 34.000 луѓе од почетокот на годината, пишува Фајненшл Тајмс, кој се повикува на податоци од специјализираната веб-страница Layoffs.

Експертите веруваат дека фирмите отпуштаат вработени бидејќи се фокусираат на нови активности и области како што е генеративната вештачка интелигенција (ВИ).

Од почетокот на 2024 година, отпуштија работници 38 технолошки компании, а меѓу нив се Мајкрософт, Снеп, Ибеј и Пејпал.

Сепак, отпуштањата во технолошкиот сектор не се толку бројни како на почетокот на минатата година.

Во целата 2023 година, 263.000 луѓе беа отпуштени во технолошкиот сектор.