Актуелно 21.02.2020 17:00

КСС до Владата: Ќе се спротиставиме на селективната реформа во јавниот сектор

КСС до Владата: Ќе се спротиставиме на селективната реформа во јавниот сектор

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најавува дека ќе се спротистави на, како што соопшти денеска, нетранспаретната и селективна реформа на јавната администрација.

По вчерашната изјава на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за транферот на вработени од јавен во приватен сектор, КСС во реакција ја прашува Владата зошто е потребно да се прави тоа кога во изминатите неколку години, како што наведуваат, се вработени над 40 илјади административци.

Според КСС, ваквата идеја на „мала врата“ ќе се реализира и преку неодамна потпишаниот Колективен договор за јавен сектор каде има одредби во кое е пропишано како ќе се изврши трансферот од јавен во приватен сектор.

Од КСС велат дека не е точно оти ги немаат доставено и предлозите за предвремено пензионирање на дел од администрацијата, со што би се пренасочиле парите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и со што би се намалил бројот на администрацијата. (МИА)