По скоро седум децении на пазарот, Фолксваген ќе престане да го произведува својот препознатлив автомобил – “Buba”, објави вчера германскиот производител на автомобили.
Првата “Buba” се појави на производствените линии во 1938 година. Нивната растечка популарност во САД во 1960 година го поттикна Фолксваген да го направи првиот производствен погон во Северна Америка за да одговори на побарувачката. Се очекува производниот погон во Пуебла, Мексико, да ја произведе последната “Buba” во јули 2019 година.
Оваа одлука дојде откако пазарот се промени во корист на SUV и кросовер возилата.
– Губењето на “Buba” после седум генерации, ќе предизвика многу емоции кај фановите – изјави извршниот директор на Фолксваген, Фридрих Вобхен.
Со текот на годините “Buba” стана културна икона. Можеби најпозната стана како тркачки автомобил на Херби во цртаниот филм на Дизни “Love Bug” од 1968 година. Во таа година, “Фолксваген” продаде околу 423.000 автомобили “Buba”.
“Фолксваген” минатата година продаде околу 15.000 “Buba” автомобили во Америка, што е знак дека интересот е намален. Некои студии покажаа дека “Buba” најмногу се користи од жени на средовечна возраст.
– Помладите луѓе не ја знаат поентата на “Buba” – заклучи автомеханичарот Џон Волковиќ.