-Не гласаме за протоколот за влез на Скопје во НАТО, бидејќи тоа е она што формално произлегува од договорот, кој јасно е дека е штетен, бидејќи тоа е првиот договор, историски, во кој Грција дава нејзина согласност, нејзин потпис во прифаќањето дека постои наводен македонски јазик и македонска националност. Комбинацијата на името Северна Македонија со прифаќањето од Грција дека постои наводен македонски јазик и националност е основа за развој на на пост-преспанскиот иредентизам на Балканот, рече пратеникот од Нова демократија.
Кумуцакос порача дека Договорот од Преспа не е балансиран, а „грчкиот народ никогаш нема да го засака“.
-Овој договор, интеграцијата во НАТО е првото материјален, опиплив, конкретен, позитивен резултат за Скопје. Тие, веќе започнаа да имаат опипливи, позитивни резултати од Договорот од Преспа. И ќе следи исто така обврска на Грција, поддршка за почеток на процесот на интеграција во Европската Унија. Што имаат Грците материјално, позитивно од ратификацијата на овој договор? Ова е главното прашање на кое треба да одговорите, порача Кумуцакос и додаде дека „во Скопје слават и логично е тоа, а Грците и понатаму се со недоверба и целосно негативни за овој договор“
Надлежниот за надворешна политика во Нова демократија се осврна и на „следниот ден по членството во НАТО“, запрашувајќи се каков би бил ставот и на чија страна би било Скопје во случај на несогласувања меѓу Атина и Анкара за одредено прашање.