Мозаик 26.07.2018 17:21

Купиле чинија за 150 денари што потоа им станала најдобрата инвестиција во животот

Купиле чинија за 150 денари што потоа им станала најдобрата инвестиција во животот

Едно семејство од Њујорк на распродажба купило чинија за околу 3 долари (околу 150 денари) која навистина им се допаднала. Не верувале дека вредноста на таа чинија е непроценлива, па неколку години таа ја користеле како украс во домот.

После неколку години се потврдило дека тоа им е најдобра инвестиција на сите времиња.

Во еден момент, се заинтересирале за чинијата и за нејзиното минато. Тие откриле дека всушност станува збор за чинија стара илјадници години и дека има историска вреднсот. Потекнувала од династијата Сонг и е типичен пример на кинеска керамичка уметност.

Ваквите садови се познати како „Динг садови“ и се многу ретки примероци, па затоа колекционерите плаќаат огромни суми на пари за да ги поседуваат.