„Квантните“ скокови во добивките за една година ги доведоа Комерцијална Банка АД Скопје и Мермерен комбинат АД Прилеп во Топ-5 македонски акционерски друштва со најголем профит во полугодишниот извештај на Мекадонска берза за 2018-та.
Комерцијална банка со раст на добивката од 39,2 милиони денари на 1.314 милиони денари се најде на второто место, зад првопласираната Стопанска банка со добивка 1.913 милиони денари раст на профитот од 46,22 отсто во однос на лани. Мермерен комбинат од 290 скокна на 660 чиста добивка, со што се најде на петатат позиција, зад НЛБ Банка со 1.175 милиони и Македонски Телеком со 815 милиони денари.
На останатите места во најдобрите десет се уште Цементарница УСЈЕ со 432 милиони, Алкалоид (376), Охридска Банка (375), Макпетрол (326) и УНИ Банка (126). Со деветоцифрена добивка од сите преостанати на македонската берза е уште само Гранит со 103 милиони денари во 2018-та.
Со најголеми приходи од продажба по првата половина во 2018-та се ОКТА Ад Скопје со 12,1 милијарди денари, Макпетрол со 9,7 милијарди и Македонски Телеком со 5,0 милијарди на првите три позиции. Во продолжение следуваат Алкалоид (4,7), АрцелорМитал (3,3), Макстил (2,9), Стопанска Банка (2,7), НЛБ Банка (2,5), Пекабеско (2,1), Комерцијална Банка (2,1).
Речиси исто како и лани, 72 друштва што котираат на пазарот за хартии од вредност оствариле добивка, односно исто како и првата половина лани, додека 27 се во загуба.
Инаку, прометот на класично тргување на берзата е зголемен за 182 итсто, односно од 2,9 милијарди денари, на 8,2 милијарди споредбено помеќу првите шест месеци од 2017 и 2018-та. Особено голема промена има кај блок-трансакциите од 823 милиони на 4,8 милијарди.
Бројот на трансакции на берзата се зголемил од 11.263 на 16.156. Годинава имало шест јавни берзански аукции, додека првото полугоди леани само една. Вкупната пазарна капитализација на акции е 158,8 милијарди со пораст од 14,32 отсто.