Економија 02.08.2018 12:32

Квартален профит на Ферари од 160 милиони евра, продадени 2.436 возила

Квартален профит на Ферари од 160 милиони евра, продадени 2.436 возила

Профитот на италијанскиот производител на спортски автомобили Ферари се зголеми за 18 отсто во вториот квартал, бидејќи испораката продолжи да расте.
Нето профитот на Ферари за три месеци, заклучно со јуни, пораснал на 160 милиони евра во однос на 136 милиони евра истиот период лани, пренесе МИА.
Продажбата пораснала за пет отсто на 2.436 возила. Компанијата ја потврди својата проценка на испорака за цела 2018 година на околу 9.000 возила, како и прогнозата за оперативниот профит на преку 1,1 милијарди евра и приход, кој ќе надмине 3,4 милијарди евра.
Новиот извршен директор на Ферари, Луис Камилери наредниот месец ќе ја претстави новата бизнис стратегија. Камилери на 21 јуни беше поставен на таа функција, на која го замени Серџо Маркионе, кој почина минатата недела по компликациите по операцијата.