Македонија стана земја на контрадикторноста. Еве да кажеме дека на Црниот петок на 19-ти гласаа тројца наши колеги кои што се под истрага за кривично дело тероризам.
И сега контрадикторност е тројца обвинети за тероризам гласаат за влез во ЕУ и НАТО, појасни Благица Ласовска, в.д претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ при гостување на емисија на МТВ. Ласовска ја запраша својата соговорничка од СДСМ зборевте за правна држава ние како политичка партија дали знаете колку многу кривични пријави поднесовме од ЈО ниту трага, ниту глас? Поднесовме кривични пријави за изборни нерегуларности за време на референдумскиот процес, за полнење на кутии и за се.
Сите изборни нерегуларности кои што беа за време на референдумот. Нема ништо од тоа. Поднесовме кривична пријава за велепредавство на 70 и неколку пратеници кои што го изгласаа отворањето на Уставот, ЈО нема ништо околу тоа. Јавниот обвинител исто така по допрен глас, а знаеме дека во петокот се говореше и се зборуваше многу како и самиот претседател на влада Зоран Заев, во една од националните телевизии кажа дали некој ме праша како дојдов до 80 пратеници.
Еве јавно прашуваме како дојдовте до 80 пратеници и како тие пратеници кои ви фалеа сега се во колективно тело за помирување? Потценувањето на македонскиот народ е многу голема грешка, посочи Ласовска.