Актуелно 24.02.2019 13:34

Лавров: Руската воена полиција може да биде во тампон-зоната меѓу Сирија и Турција

Лавров: Руската воена полиција може да биде во тампон-зоната меѓу Сирија и Турција

Руската воена полиција може да биде распоредена во тампон-зоната која во моментов се формира на границата меѓу Сирија и Турција, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Ние, всушност, имаме искуство со распоредување на руска воена полиција која ги следи договорите за прекин на огнот, безбедносните мерки и де-ескалирачките зони на теренот, рече Лавров во интервју за националната виетнамска телевизија (ВТВ), кинеската телевизија CCTV и Феникс ТВ.

– Оваа опција останува на маса и во случајот со оваа копнена зона, рече шефот на руската дипломатија.

Најнови вести