Актуелно 11.02.2019 12:51

Лазаров: Трагично е што при приемот болницата има дискреционо право да врши избор на кандидатите и при тоа нема обврска да ја почитува ранг листата

Лазаров: Трагично е што при приемот болницата има дискреционо право да врши избор на кандидатите и при тоа нема обврска да ја почитува ранг листата

По скандалот со вработување на доктори специјализанти во болницата во Тетово се вработуваат специјализанти според привилегии, а не според знаењето и стручноста, велат од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Ненад Лазаров, кој е дел од Асоцијација на специјализанти и млади лекари говореше за овој скандал.

Во старт само едно би сакал да потенцирам бидејќи гледам по социјалните медиуми и одредени портали со модификација на наши изјави се доби некоја нишка на етничка компонента што апсолутно во старт сакам да се оградиме и да не користат таква ситуација, појасни Лазаров.

Лазаров нагласи дека овде се работи, дека се поставени согласно закон по апсолутно прецизни критериуми при вработување на некој лекар во ова јавно здравствена установа и до овој момент е се во ред, бидејќи има разно разни полагање, на стручен дел, на англиски јазик, и се е совршено во моментот кога крајната одлука за кој доктор ќе биде вработен со дискреционо право е донесено од Комисија која е формирана од неколку члена. Без оглед на позицијата на тој кандидат на ранг листата. Со самото тоа станува безпреметно и се отвораат простори и се случуваат вакви ситуации каде што имаме голем број на незадоволни колеги. Очекуваме за сево ова надлежните се информирани и се надеваме на воведување на систем на фер плеј, со цел најдобрите кандидати да доаѓаат на позициите на кои што треба.