Економија 16.11.2018 21:06

Levi Strauss планира повторно да стане јавна компанија

Levi Strauss планира повторно да стане јавна компанија

145-годишниот производител на фармерки „Levi Strauss & Co“ планира да отвори ИПО, објави „Ројтерс“, цитирајќи го изворот познат со случајот.

Компанијата, која планира да привлече помеѓу 600 и 800 милиони долари, веројатно ќе стане јавна во првиот квартал од следната година, објави „CNBC“.

Во извештајот се наведува дека „Levi Strauss“ се планира да дебитира на берзата со околу 5 милијарди долари.

Компанијата засега одбива да ги коментира овие информации.

Ова ќе го врати „Levi Strauss“ во јавниот простор по скоро пет децении на отсуство.

За прв пат, компанијата стана јавна во 1971-ва година, но потомците на основачот Леви Штраус, кратко време потоа, одлучија да ја вратат во приватна сопственост.

Во својот последен квартален извештај „Levi’s“ објави дека нејзината продажба се зголемиле за 10 отсто до 1,39 милијарди долари, а нето приход бележи раст од 44%, главно поради зголемената побарувачка на фармерки во продавниците за малопродажба и во онлајн просторот.