Лидерите на државите од групата БРИКС на денешната средба во јужноафриканскиот град Јоханесбург потпишаа декларација со која се залагаат за отворен мултилатерален трговски систем во светот и се критикува пристапот на САД кон меѓународната трговија со заканите за воведување нови царини.
– Ја подвлекуваме важноста на отворената светска економија, пишува во декларацијата потпишана од лидерите на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
Петте земји воедно се согласија дека ќе се спротистават на сите видови закани за безбедноста и ќе се залагаат за рамноправен меѓународен поредок заснован врз принципите на Повелбата на Обединетите нации.
Овие растечки економски сили исто така се заложија за борба против корупцијата и ветија дека нема да даваат засолниште на криминалците кои бегаат од правдата.
Покрај петте лидери на членките на БРИКС, бразилскиот претседател Мишел Темепа, рускиот претседател Владимир Путин, индискиот премиер Нерендра Моди, кинесиот претседател Си и претседателот на Јужноафриканската Република Кирил Рамофос, на Самитот во Јоханесбург е поканет и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.