Економија 18.03.2024 08:10

„Лидл“ во Германија го повлече популарниот чипс, ќе им ги враќа парите на потрошувачите и без сметка

„Лидл“ во Германија го повлече популарниот чипс, ќе им ги враќа парите на потрошувачите и без сметка

Германскиот малопродажен синџир „Лидл“, во моментов предупредува дека консумирањето на популарен чипс претставува ризик по здравјето. Се работи за тортиља чипс на белгиската компанија „NV Snack Food Poco“, кој е особено ризичен за оние кои страдаат од алергија.

Компанијата ги повлече солените тортиља чипсови низ Германија, бидејќи, како што објаснуваат германските медиуми, не може да се исклучи можноста производот да содржи млеко поради што не е погоден за лица алергични на млечни протеини. Конкретно, повлекувањето се однесува на производите кои ги имаат следните карактеристики: „Snack Day gesalzene Tortilla Chips“, пакување од 300 грама на кое пишува дека е најдобро да се користи до 14 декември 2024 година, пишува poslovni.hr.

Бројот на производот е 34045 0421. Според производителот, погодениот продавач на мало, „Лидл“, веќе го повлече конкретниот производ од продажба низ цела Германија. Потрошувачите можат да го вратат спорниот производ во супермаркетите и ќе си ги добијат парите назад и без приложување на фискална сметка. ()