Актуелно 04.11.2018 18:47

Лика не оди на владини седници, ама „растура“ по кафани

Лика не оди на владини седници, ама „растура“ по кафани

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика за угостителски услуги во рамки на државните институции и за ресторани и кафеани надвор од институциите додека одел на работа потрошил 235.163 денари или околу 4 илјади евра, покажува, алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, објавува СДК.

Тука влегуваат 130.713 денари за угостителски услуги во рамките на институциите, а 104.450 денари се ресторани надвор од институциите. Во странство потрошил само 5.227 денари.

Алатката содржи податоци заклучно со мај. Заклучно со мај и вицепремиерот Лика престанал да се појавува на седниците на Владата. Нема податоци дали вицепремиерот, покрај платата што ја зема, иако не се појавува на седници, уште користи и одобрени средства од буџетот за репрезентација и патувања.