Живот 02.12.2019 16:04

LIVSANE ги инспирира посетителите на Водно кон повеќе здравје

LIVSANE ги инспирира посетителите на Водно кон повеќе здравје

Здравјето е едно од најважните работи во нашите животи. Секој од нас треба да најде начини како да го негува и надградува. За да ги мотивираат сите кои овие денови пешачат, трчаат или возат велосипеди на Водно, тимот на LIVSANE им понуди дел од своите производи. Тие сакаат да им порачаат дека има кој да ги стопли на ова студено време во нивниот труд и да продолжат со своите здрави навики низ целата година.

“Мора да се негуваме себеси. Голем дел од нас често наоѓаат изговори. Јас го почуствував тоа кога почнав да губам енергија во текот на денот. Тоа полека ме оддалечуваше од исполнување на моите секојдневни активности. Сфатив дека на сите нас ни е потребно малку инспирација. Затоа одлучивме со LIVSANE да дојдеме на Водно. На сите кои се тука им дадовме малку здравје кое ќе ги стопли и инспирира, а ги запознавме и со производите на LIVSANE чија мисија е да им понуди живот полн енергија.“, вели Ивана Михајловска, магистер фармацевт и бренд менаџер на LIVSANE. Таа додава дека ќе продолжат со активностите од ваков тип затоа што нивната мисија е грижата за здравјето.

Приказната на LIVSANE започнува пред 2 години, во 2017та. Самите производи се високо квалитетни и се произведуваат во различни Европски држави. На територијата на Европа има над 12.500 партнерски аптеки кои се дел од програмата Phoenix Pharmacy Partnership, помеѓу кои се и BETTY аптеките во нашата земја. Нивната цел е да понудат здравје на секој член од семејството. Тоа е и една од причините зошто LIVSANE производите ги има само и ексклузивно во BETTY аптеките. Нивните локации може да се најдат на страната https://betty.mk/. Најголемиот повод е тоа што двата бренда делат иста цел, повеќе здравје за сите.