Мозаик 28.03.2019 13:36

Љубовта кон математиката го однесе од „Песталоци“ до најдобар студент на Оксфорд

Љубовта кон математиката го однесе од „Песталоци“ до најдобар студент на Оксфорд

Стефан Петревски е младо дваесетгодишно момче на кое соништа му се остваруват. Тој не се разликува од своите врсници, сака се што сакаат и младите луѓе на негова возраст: веслање, ноќен живот, излегувања, девојки, но најмногу од се сака математика.

Во моментов е меѓу петте студенти од Македонија кои ја имаат привилегијата да студираат на еден од најдобрите светски универзитети Оксфорд. Себе си се гледа како човек на кого математиката ќе му биде главна преокупација во животот, а иако го пропатувал светот за 24 инфовели дека знаењето планира да го донесе во својата Македонија.