Актуелно 29.08.2023 09:46

Лозарите не ја исклучуваат можноста во септември да излезат на протести и да блокираат патишта

Лозарите не ја исклучуваат можноста во септември да излезат на протести и да блокираат патишта

Ниските откупни цени, болестите кои се појавија годинава, климатските промени, недостигот на работна сила, задоцнетата национална стратегија за развој на лозарството, го десеткуваа производството на грозје во земјава, тврдат лозарите. Ако пред повеќе од една декада се произведуваше 185 милиони килограми, годинешниот род го проценуваат на помалку од една четвртина.

Оваа година е многу лоша поради болестите, временските неприлики, пламениа, пепелница имаше. Луѓето прскаа по 6-7 пати, а сега немаат едно гровче да скинат од нивните лозови насади. Ние очекуваме да имаме од 40 до 45 милини килограми грозје. Е тоа е поради ненавремено носење на стратегија, вели Јован Златевски претседател на сојузот на здруженија на лозаропроизводители во Македонија.

Потврдуваат дека државата издвојува средства за лозарството, но сепак, велат со децении отворените прашања не се решени, проблемите се таложат, поради неисплатливост младите заминуваат во странство и ги напуштаа лозвите насади. Бараат да се одреди производствена цена на грозјето, промени во исплата на субвенции, учество на лозарите во потсекторските групи во Министерството за земјоделство. Во спротивно за да се слушне нивниот глас не ја исклучуваат можноста од протести и блокади

На кого да му се обратиме ако нема протести. Не сме членки на потсекторкса група, се носи стратегија за лозарство и винарство, нас не не прашаа ништо. Нека кажат кои лозари биле присутни на тие состаноци кога се носеше стратегијата. За тоа сме лути и ќе направиме протести, вели Златевски.

Министерот за земјоделство Николовски, пак, деновиве при посета на една винарија, рече дека Македонија низ годините наназад го одржува производството и површините со лозови насади и го зголемува извозот на вино. Девизниот прилив лани бил 60 милини евра, а пак од друга страна, за 6 години кон лозарите и винариите се исплатени 90 милони евра по разни основи. Николовски ја најави новата десетгодишна стратегија за развој на овој сектор и нов Закон за вино, кој, како што рече, е целосно усогласен со директивите на ЕУ.