Во вечерашното гостување на телевизија Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски изјави дека она што денес се случува во Република Македонија, на 30 Септември ќе биде и практично претставено, поточно после 19 часот ќе се види вистинската слика.
-Луѓето немаат доверба во владата на СДСМ и Зоран Заев. Луѓето не веруваат во институциите што ги управува Владата на СДСМ и Зоран Заев и имаме еден таков амбиент на недоверба меѓу граѓаните, од друга страна разочарување бидејќи тие ветувања, очекувања кои што претходно се случија рековме не се реализирани и сета таа акција погрешна од владата на СДСМ и Зоран Заев ќе предизвика определена реакција. Кога таа реакција ќе биде негативна на очекувањата на Зоран Заев тогаш логично е, а тоа сме го виделе во многу пати во минатото да имаме замена на тези и тогаш виновникот да биде некои друг, изјави Мицкоски.
Тој потенцира дека ја одбиваат ова негативна кампања и негативнитете тези.