Актуелно 02.11.2023 10:37

Лукаревска: Издавањето на фискални сметки е пракса на европските држави, тој пример треба да биде белег и на нашата држава

Лукаревска: Издавањето на фискални сметки е пракса на европските држави, тој пример треба да биде белег и на нашата држава

„За пофалба е приходот кој што одредени наши граѓани го имаат остварено во странство го платиле тука и допринеле во буџетот на нашата држава,“ рече Лукаревска во гостувањето на Македонската Телевизија на тема даноци.
Таа истакна дека во делот на наплатата на данокот на добивка и данокот на личен доход е прибрано и повеќе од она кое што беше согласно направениот план и анализи.

Актуелни сме на терен, секојдневно, кај различни целни групи, на различни подрачја. Работиме и по пријави од страна на граѓаните, пријава и од други наши сродни институции. Сметам дека издавањето на фискални сметки е она кое што треба да биде белег на нашата држава, затоа што тоа е и пракса во европските земји,“ истакна Лукаревска.

Таа посочи дека некогаш е потребно неколкукратно проверување како што е случајот со Пластичарската улица и Старата скопска чаршија.