Актуелно 07.12.2023 09:03

Лукаревска: Остваривме вкупен приход од 10 милијарди денари и реализација од 111,6 отсто од планираниот вкупен приход за месец ноември

Лукаревска: Остваривме вкупен приход од 10 милијарди денари и реализација од 111,6 отсто од планираниот вкупен приход за месец ноември

„Задоволна сум особено за месец ноември 2023 година, имаме остварен вкупен приход од 10 милијарди денари и покажува реализација од 111,6 отсто од планираниот вкупен приход за месец ноември и овој износ е за 11.6 отсто повисок од планираниот за месец ноември и 42.55 отсто од истиот период минатата година,“ рече заменик претседателката на СДСМ и директорката на Управата за јавни работи, Сања Лукаревска во емисијата 24, Анализа на ТВ 24.

Таа посочи дека истовремено ДДВ –то се прибира и се враќа на компаниите. Како и дека сеуште се води борба со работодавачите кои не исплаќаат плата.

„Екстремно висок план и процент за наплата имавме за 2023 година, од друга страна имавме даночни ослободувања ,сменет режим на оданочување и сето тоа се рефлектирало за намалување на некои приходи пред се ДДВ, но да не биде оправдување во наредниот период. Треба будно да ја следиме и состојбата со сивата елономија. Таа е предизвик за сите институции, владата, државата. За 10 тина дена како институција ќе известиме, изминатиов период работиме на специфична ситуација на ланец на компании кои се обиделе да го изиграат системот но ние навремено сме реагирале,“рече Лукаревска.

Во однос на Мој ДДВ, таа рече дека мерката си го оправдала своето постоење при што се овозможи граѓаните да бисдат даночни инспектори, ноекако дека може и уште подобро. ()