Актуелно 27.03.2021 19:48

Лукаревска во тага објави: Што и да напишам, нема да е доволно – почивај во мир (ФОТО)

Лукаревска во тага објави: Што и да напишам, нема да е доволно – почивај во мир (ФОТО)

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на официјалниот фејсбук профил сподели тажна вест.

Таа во неверување се прости од својот колега Дејан, со кого се простуваат и останати вработени во УЈП.

-Што и да напишам,нема да е доволно. Единствено знам дека ова не беше во ниеден план. Не смееше вака.

Ти благодарам за се Дејан. И за другарството, и за соработката, и за разбирањето, и за колегијалноста. Почивај во мир,- напиша Сања.

-Мирно небо Деки, еден од најдобрите, најпрофесионалните луѓе што сум ги познавал, се вели во еден коментар.

-Почивај во мир, ќе недостигаш Дејан, стои во друг коментар.