Актуелно 22.07.2019 13:17

„Магазин“: Боки 13 остварувал средби со Кирацовски и Ременски во Собрание

„Магазин“: Боки 13 остварувал средби со Кирацовски и Ременски во Собрание

Бојан Јовановски, алијас Боки13, во периодот од јуни до ноември 2018 година во македонскиото Собрание, имал најмалку три работни средби со пратеникот Александар Кирацовски, тогашен генерален секретар на СДСМ. Средбите се случувале во текот на работното време во канцеларијата на пратеникот Кирацовски и траеле по околу час и половина. На две од тие средби присуствувала и пратеничката Фросина Ташевска Ременски, потпретседател на Собранието од редовите на СДСМ, обелоденува порталот МАГАЗИН.

-Посетите во Собранието на Македонија од страна на Боки13 биле уредно заведени од собраниското обезбедување кое, според пропишаните процедури, во регистарот на посетители го запишувало неговото име и презиме, и време на влегување, за што задолжително се води евиденција при самиот влез. Засега не е познато кои биле темите на разговор при овие средби на Боки13 и пратеникот Кирацовски во Собранието. Ова за Магазин го дојави службеник вработен во Собранието, кој инсистира на анонимност, но уверува дека ваквите средби можат со сигурност да се потврдат со увид во собранискиот регистар на посетители, како и преку снимките на безбедносните камери, пишува порталот.

Целата вест прочитајте ја на МАГАЗИН.МК.