Актуелно 07.12.2018 01:46

Маја Коцијанчич за ПресингТВ: Хан го прочита писмото на Груевски, но не сака да го коментира

Маја Коцијанчич за ПресингТВ: Хан го прочита писмото на Груевски, но не сака да го коментира

„Пресинг Тв“ постави прашање до портпаролот на Хан, Маја Коцијанчич за писмото и за барањето на Груевски независни експерти да го испитаат неговиот случај.

Видовме дека Груевски испрати писмо до неколку членови на меѓународната заедница, вклучувајќи ја и ЕУ. Како што знаете, ЕУ не дава коментар или интервенира во тековните судски постапки-изјавила Коцијанич за Пресинг ТВ.

Пред да побара политички азил и да замине од Македонија екс премиерот им пишал писмо на челниците од ЕУ. Во писмото тој бара меѓународни судии да извршат проверка на масовниот политички прогон во државата.

Поранешниот премиер писмото го испратил до еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, еврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини, комесарот за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ и претседателот на европската народна партија Жозеф Дол.