Актуелно 29.01.2019 18:36

Македонците дишат отров: Канцерогените честички и денес неколку пати над максимум дозволената граница

Македонците дишат отров: Канцерогените честички и денес неколку пати над максимум дозволената граница

Состојбата со загаденоста на воздухот во државава останува катастрофална.

Речиси во сите градови, граѓаните буквално дишат отров.

И денес нивото на канцерогени ПМ 10 честички оди неколку пати над максимум дозволената граница.

Кај Ректорат мерната станица покажува 223 микрограм на метар кубен, во Гостивар 232, а во Тетово високи 261.

Скопјани едвај дишат, но во најзагадените општини, мерните станици не работат.