Страницата „World of Statistics“ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави листа на земји во кои се трошат најмногу килограми кафе по глава на жител годишно, според која Македонија се наоѓа на 18-тo место и во неа граѓаните годишно пијат 3,6 килограми кафе.
Според оваа статистика, на прво место е Финска, каде годишно се пијат дури 9,6 килограми на жител.
Следуваат Норвешка со 7,2 килограми, Холандија со 6,7, Шведска со 6,5 и Словенија со 6,1 килограми.
Во „топ 10“ е и Австрија каде жителите годишно пијат 5,5 килограми, а веднаш зад неа, на седмата позиција е Србија со 5,4 килограми.
Top coffee consuming countries (kg per capita annually):
?? Finland: 9.6
?? Norway: 7.2
?? Netherlands: 6.7
?? Sweden: 6.5
?? Slovenia: 6.1
?? Austria: 5.5
?? Serbia: 5.4
?? Denmark: 5.3
?? Germany: 5.2
?? Belgium: 4.9
?? Brazil: 4.8
?? Bosnia-Herzegovina: 4.3
?? Estonia: 4.2…— World of Statistics (@stats_feed) September 19, 2023
Следуваат Данска, Германија и Белгија, со околу 5 килограми испиено кафе годишно на жител.
Од земјите во регионот, Босна и Херцеговина е на 12 место со 4,3 килограми испиено кафе по жител годишно, а Хрватска е три места подолу со 3,8 килограми.