Македонија ја одобри вакцината на Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“, затоа што станува збор за вакцини кои ги поминале потребните испитувања и се одобрени од страна на странските регулаторни тела и истите ќе се аплицираат и кај нас при претстојната вакцинација, вели Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМК.МК, откако Швајцарија објави дека не ја одобри оваа вакцина.
Швајцарија го одложи одобрувањето на вакцината против ковид-19 на Оксфорд и „АстраЗенека“ поради тоа што нема доволно податоци за безбедноста, квалитетот и ефективноста.
Повеќе европски земји имаат резерви за оваа вакцина. Франција на 2 февруари кажа дека нема да ја дава вакцината на лица над 65 години, а Германија, Австрија, Шведска и Полска ја препорачуваат за лица до 65 години, а Италија и Белгија до 55.
Првата пратка од „АстраЗенека“ се очекува да стигне кај нас во март.