Цените на становите уриваат рекорди. Македонија е лидер во регионот по раст на ценатата за метар квадратен. Според анализата на бугарски 24 часа, минатата година недвижнините поскапеле за 20,6 отсто. Зад нас е Албанија – над 17,5 %,Бугарија под 10, Србија 6,5, Хрватска 3,5 отсто. Цените во центарот на главниот град, Скопје, во моментов достигнуваат од 2,000 до 2,5 илјади евра за квадрат. Поевтини се на периферијата, но и таму квадрат чини над 1,000 евра. Растот е нелогичен, велат од Сојузот на Стопанските Комори. Не го следи порастот на платите, а згора на тоа каматите на кредитите растат, така што интерес за купување имаат само тие што претходно заработиле пари.
– Секогаш ми претставувало нелогичност и според сите анализи кои ги иамме направено заклучуваме дека станува збор за моментален раст, како реакција на шоковите кои ги имавме изминативе години. Но реално условите нема да дозволат ваква дискрепанца помеѓу платите и можноста да се купи стан. Можеби некој кој работел во странство, се враќа и има пари да си купи стан, но со вакви цени, ова е неодржливо за наш стандард, изјави Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на Стопански Комори.
Причина за ваквиот пораст на цените, според анализата на бугарскиот весник е што од 2020та сме во формални преговори за влез во Унијата, па стануавме место интересно за инвестирање. Но кај нас – нема ниту странци, ниту толкава куповна моќ за граѓаните да си дозволат вакви цени, вели Ангелоски. Затоа очекува стабилизација следниот период.
– Можеби цените ќе останат на ова нови, но ќе се сменат условите. Другите трошоци, на работна сила, на метријали, ќе почнат да растат, и ќе дојдеме до една логична пазарна следственост на цените. Да видиме и во кој правец ќе одат даноците за становите, но и можностите за инвестирање во други извори, додава Ангелоски.
Инаку според податоците на Народната банка, минатата година, во првиот квартал становите поскапеле за скоро 19%, по што следи тренд на опаѓање и последниот квартал растотот изнесувал 7 отсто. ()