Економија 17.04.2018 12:08

Македонија меѓу првите земји по најголема сиромаштија во регионот

Македонија меѓу првите земји по најголема сиромаштија во регионот
сиромаштија,македонија, регион

Земјите од Балканот се меѓу првите по најголема сиромаштија во регионот. Така вели белградкиот професор Михаил Арандаренко.

Во Србија, една четвртина од населението со месечни примања од 15.400 динари и е во состојба на релативна сиромаштија, но земјата е прва на листата на сиромаштија во споредба со земјите на ЕУ, вели професорот на Економскиот факултет Михаил Арандаренко.

Концептот на релативна сиромаштија, според него, значи дека нивото на сиромаштија е присутно , не само во поглед на  економскиот раст, но, исто така, во намалување на нееднаквоста во приходите, така што повеќе луѓе не  учествуваат во економскиот, социјалниот и културниот живот на земјата.

“Ако во споредба со земјите од ЕУ, а на листата приклучени и Турција, Србија е на прво место по стапка на релативна сиромаштија, зад неа се Бугарија, Португалија и Македонија”, рече Арандаренко.

Македонија веќе долго време се соочува со зголемувањее на сиромаштијата. Експертите велат дека со зголемување на цените на даноците и давачките при отсуство на реално покачување на платите населението дополнително осиромашува.

Во Македонија трошоците за живот се зголемуваа на месечно ниво константно. Тала за март трошоците за живот беа повисоки за 1, 6 %.  Исто така синдикалната кошница за март 2018 година изнесува 32 418,00 денари. 

Повеќе од 500 евра му биле потребни на едно просечно четиричлено семејство во март за да ги обезбеди неопходните прехрамбени производи, да ги плати сметките да ја одржува личната хигиена да се грижи за здравјето и колку толку да ужива во културните збиднувања.

Ред.

број

Елементи кои ја формираат вредноста  на минималната синдикална кошница Mесец 3

2018

% учество на елементите во нето плата

 

  Просечно исплатена нето плата    
1. Исхрана и пијалоци 13.408,38 41,36
2. Домување 10.478,57 32,32
а Комунални трошоци 8.253,04 25,46
б Покуќнина, опрема за куќа и оджување 2.225,53 6,86
3. Хигиена 2.301,99 7,10
а Одржување на личната хигиена 934,93 2,88
б Одржување на хигиената на домот 1.367,06 4,22
4. Превоз 2.349,34 7,25
5. Облека и обувки 2.132,46 6,58
6. Култура 1.070,00 3,30
7. Одржување на здравје 677,34 2,09
  Вкупно: 32.418,08 100,00
Со најавениот прогресивен данок според експертите на удар е онаа средна класа која изнесува 2 % од населението која сега ќе се даночи прогресивно. Според експертите на овој начин сериозно се доведува во прашање опстанокот на средната класа.
 Понатаму, 75 отсто од вработените во земјава заработуваат под 300 евра, покажува анализата на Министерството за финансии за доходовната нееднаквост. Фрапантните резултати не соочуваат  со суровата реалност дека Македонија е земја на сиромашни. Податоците земени од Управата за јавни приходи недвосмислено покажуваат дека секој трет Македонец се бори за егзистенција.