Се влошува климата за водење бизнис во Македонија. Нашата земја се наоѓа скоро на дното во Европа. Како што е наведено во извештајот Европската комора, држава бележи пад од пет места на ранг листата за водење бизнис, во споредба со 2019 година.
Во игра биле 46 европски земји, а Македонија се наоѓа близу кон дното, односно на 36 место.
За ова реагираше и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој на социјална мрежа Твирет, напиша дека Македонија има најзабалежителен пад на климата за водење бизнис во евроските земји.
„Македонија со најзабележителен пад на климата за водење бизнис од земјите во Европа – 5 места подолу на ранг листата во споредба со 2019-та година, на 36-то место од ранг листата на 46 земји!”, пишува на Твитер, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Од тоа што може да се види во извештајот на Европската комора, на врвот на листата со најдобра бизнис клима се скандинавските земји. Први на листата се Данска, Шведска, Норвешка и Финска, веднаш зад нив се Швајшарија, Британија и Германија.
Инаку, до пред неколку години Македонија се наоѓаше во врвот на листите во светот по однос на условите за водење бизнис. На листите на светскиот Дуинг бизнис, за времее на предходните влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ, земјава забележивање постојано искачување на листите на земји со најголеми реформи за водење бизнис. Во 2016-та година бевме на 10 место во светот како земја со најдобра бизнис клима.
Дека тоа е така се докажа и со фактот што во тој период имаше и наплив на странски инвестиции кои што ако немало добра бизнис клима, со, меѓу другото и добра данична политика, не би инвестирале во Македонија. Во периодот до 2016 година, кога добро котиравме на светските и европски листи за правење бизнис, невработеноста континуирано се намалуваше, додека сега пак, кога Македонија почна да паѓа на ранг листите, невработеноста во државава драстично почна да се зголемува.