Актуелно 17.09.2020 11:51

Македонија надмина 16.000 заразени, Филипче вели со вирусот ќе живееме и идната година

Македонија надмина 16.000 заразени, Филипче вели со вирусот ќе живееме и идната година

Македонија ја надмина бројката од вкупно 16.000 заболени од коронавирус. Во моментов се активни 1870 на заболени лица со Ковид-19, а од почетокот на епидемијата досега оздравеа 13550, а починаа 668 лица.

Во изминатото деноноќие беа регистрирани уште 163 новозаболени, седум починати и 1132 оздравени од Ковид-19.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се три деца и три мајки позитивни на Ковид-19, а исто толку мајки и деца се суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 34 пациент. На респираторна машина се тројца пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 161, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче вели оти веројатно ќе живееме со вирусот и цела следна 2021 година.

– Ние ќе живееме со вирусот веројатно и цела следна 2021 година. Мора да се научиме да ги почитуваме превентивните мерки, протоколите коишто ги има за апсолутно сите економски оператори, угостителски објекти, компании, фабрики, училишта, градинки итн. Едноставно тоа ќе биде нашиот живот, рече Филипче.